Германија предупредува да не се патува во Париз и на Азурниот брег

Passenger queue at the Covid-19 test station at the airport in Frankfurt, Germany, Monday, Aug. 3, 2020. (AP Photo/Michael Probst)

Откако ја прогласи областа на белгиската престолнина Брисел за ризична област поради ширењето на коронавирусот, Германија ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Париз и на францускиот Азурен брег поради коронаинфекциите во овие области, објави доцна во понеделникот министерството за надворешни работи во Берлин.

Министерството објави дека предупредува да не се патува доколку не е неопходно во регионот Ил-де-Франс во која се наоѓа Париз, како ниту на југот во регионот Прованса-Алпи-Азурен брег, во кој се Марсеј и Ница.

Германија во саботата имаше најголем број на новозаразени на дневно ниво од април. Владата соопшти дека дел од случаите на зараза со вирусот е забележлив меѓу германските туристи кои се враќаат од странство, особено меѓу младите лица.

Германија има вкупно 236.121 заразени лица од почетокот на пандемијата и 9.276 починати. Во Франција, пак, во последните 24 часа има 1.955 нови случаи на коронавируот со 22 нови жаришта, Француските власти додаваат дека бројот на смртните случаи се зголемил за 15 во однос на ден претходно и оти досега земјата потврдила 30.528 смртни случаи и вкупно 282.414 заразени.

Претходно во понеделникот министрите за здравство на 16-те германски сојузни покраини се согласија дека набрзо треба да се укине задолжителното тестирање на Covid-19 за падниците кои се враќаат од високоризичните области, и да се пренасочи стратегијата кон болнците и домовите за стари.

Сојузниот министер за здравство Јенс Шпан и покраинските министри за здравство се договориле дека бесплатнтие тестови за патниците кои се враќаат од странство ќе бидат укинати кон средината на септември, која ќе започне училишната година. Точниот датум сѐ уште не е познат, но мерките треба да стапат на сила или на средината на септември или на први октомври.

Потоа стратегијата за тестирње во земјата трба повеќе да се фокусира на секторот нега и на болниците. Според новата политија, оние кои се враќаат од високоризичните подрачја ќе мора да одат во самоизолација и може да го напуштат карантинот ако можат да проложат „негатовите резултат најрано пет ден по доаѓањето“.

Германските власти веќе поставија објекти на аеродромоте, железничките и автобуските станици за да овозможи задолжитечно тестирање за патниците кои се враќаат од областите кои се сметаат за високоризични. Тие тестови, исто така се достапни за оние кои се враќаат и од регионите кои не се класифицира ни како високоризични.

Министрите, исто така, се согласиле за поставање интернет страница за патниците повратници да може да ги регистрираат своите податоци, имајќи предвид дека првичниот систем резултираше со „купишта хартии“.

Промената доаѓа во моментот кога сегашниот систем се приближива до своите лимити. Во моментов 875.000 тестови се спреведуваат секоја седмица, додела лабораториите во земјата може да се справат со 1,2 милиони тестови во тој период. А додека бројот на тестирањата се зголемува, тестовите се трупаат со илјадници лица кои ги чекаат воите резултати.

Министерите исто така дискутирале за заземање воедначаен став кога станува збор за мерките против пандемијата. Додека покарините беа автономни во носењето на заштитните мерки, баварскиот премиер повика на договор за минимални стандарди во поглед на носењето маски, казните и брохот на лицата кои може да присуствуваат на некој настан.