Германија проектира рецесија од 6,3 отсто, целосно закрепнување на почетокот од 2022-та

Германската влада смета дека годинава економијата ќе биде во рецесија и пад на бруто домашниот производ (БДП) од 6,3 отсто, соопшти во средата германскиот министер за економија Петер Алтмаер.

„Последиците од коронакризата предизвикуваат драстрична рецесија на нашата економија по десет години последователен раст“, изјави министерот за економија Алтмаер при претставувањето на економските процени на германската влада.

Истовремено министерот очекува и постепено закрепнување на економијата по почетниот шок. Според него, најголемиот пад ќе биде забележан во вториот годинешен квартал, а потоа ќе следи закрепнувањето.

„Најсилниот пад на економскиот ефект го очекуваме за вториот квартал Потоа економијата полека би требало да закрепнува“, рече Алтмаер од Христијанско-демократската унија (CDU), и додаде дека Германија е пред „големи предизвици“.

За следната година Алтмаер очекува закрепнување на екомомијата и раст на БДП-то за 5,2 отто. Германската влада, како што рече, целосно закрепнување на економијата се очекува на почетокот од 2022 година.

„На почетокот од 2022-та економијата би требало да се врати на нивото од пред крајот на кризата“, рече Алтмаер.

Загуба од половина милион работни места

Германскиот министер за економија се задржа на програмата на владата за помош на стопанството, која беше донесена кусо по воведување на мерките против коронавирусот.

„За економските последици да се задржат на најмалото можно ниво, донесовме финансиска заштитна програма во восина од билион евра. Нашата цел е да ја сочуваме економската основа за да обозможиме брз закрепнување по кризата“, рече Алтамер.

Поради кризата којашто најмногу ги погаѓа услижните дејности, Алтмаер смета на губење на повеќе од половина милиони работни места и зголемува на невработеноста на 5,8 отсто.

Поради тоа владата подготува и дополнителна финансиска помош за работниците кои се погодени од мерките на скратеното работно време. Со тоа тие, без оглед на обемот на работата, би задржале 80 отсто од последната бруто плата.

Притоа Алтмаер најави и дополнителна помош за секториет кои се директно погодени од кризата.

„За особено погодените сектори, како што се саемите, културата, големите манифестации и угостителството, потребни се соодветни мерки“, рече Алтмаер,.

Навести притоа дека кон крајот на мај би можело да се случи и постепено отворање на угостителските објекит и намалување на рестрикциите на социјалните контакти.

„Доколку успееме да ги одржиме успесите во борбата против пандемијата, тогаш имаме и песрпектива на надежите за повторно покренување на економијата“, рече Алтмаер.