Германија протера двајца од руската Амбасада во Берлин во врска со убиството на Грузиец

Министерството за надворешни работи на Гермaнија објави за персона-нон-грата двајца вработени во руската Амбасада во Берлин.

Претходно, западни медиуми јавија дека владата на канцеларката на Германија Ангела Меркел може да воведе дипломатски или други санкции против Москва ако има докази за тоа дека руските власти се вмешани во убиството на грузиски жител во Берлин во ова лето.

Во крајот на август непознат човек уби 40-годишен грузиски командос.

По неколку денови, полицијата приведе 49-годишен Русин. Од Обвинителството неведоа дека кај него било пронајдено оружјето употребено во убиството. Дел од германксите медиуми јавија дека осомничениот можно е да е агент на руските спец-служби.