Германија размислува за намалување на приливот на работна сила од Балканот

Со оглед на големиот пораст на невработеноста во Германија, владејачките партии сакаат да ја спречат натамошната имиграција на работниците преку регулативата за Западен Балкан, воведена во 2016 година.

Според Welt am Sonntag, работните групи на ЦДУ/ЦСУ се согласиле да ја продолжат регулативата, која всушност истекува на крајот на годината, за уште две години, но помалку неквалификувани имигранти ќе можат да ја користат.

Матијас Миделберг, портпарол на Унијата за внатрешна политика во Бундестагот, рече дека тие се во голема економска криза и сега имаат 600.000 повеќе невработени отколку пред една година.

„Во таква ситуација, едноставно изоставување на регулативата на Западен Балкан не е опција. Затоа ние сме за јасно ограничување на регулативата: Две наместо претходните пет години и годишна квота од најмногу 15.000 лица“, рече тој.