Германија со нов рекорд на коронаинфекции во еден ден, над 50.000

Германија во четвртокот објави дека го регистрирала рекордниот број нови зарази со коронавирусот со 50.196 нови случаи во последните 24 часа, или вкупно од почетокот 4.9 милиони луѓе, што се смета како јасен сигнал за силата на новиот бран на епидемијата кој ја погоди земјата, објави Институтот „Роберт Кох“.

Ова е првпат од почекот на епидемијата на коронавирусот во Германија во еден ден да биде минат прагот од 50.000 нови зарази. Бројот на починатите од коронавирусната болест Covid-19 во последните 24 часа, пак, изнесувал 235 лица.

Канцеларката на заминување Ангела Меркел оцени во средната дека е „драматично“ новото зајакнување на епидемијата во земајта, коешто е особено забележливо од октомври.

„Пандрмијата повторни се шири на спектакуларен начин“, изјавија од нејзиниот кабинет, повикувајќи ги регионалните власти, кои се наделжни за здравствените прашања во сојузните покраини, повтордно да ги воведат епидемиолошките мерки за ситуацијата да биде ставена под контрола.

Истовремено зголемен е и притисокот врз одделите за интензивна нега, како и врз целиот германски болнички систем.

Растот на бројот на коронаинфекциите се припишува, во прв ред, на релативно слабата вакцинираност меѓу германското население, која изнесува околу 67 отсто.

Повеќе покраини кои се посилно погодени во најновиот бран на епидемијата, како што се Саксонија и Баварија а неодмана и областа на главниот град Берлин, воведоа нови рестриктивни мерки за невакцинираните лица кои се најсилно погодени овој период.

Од понеделник во Берлин ќе им биде забрането на невакцинираните лица пристап во рестораните без тераси, во баровите, спортските сали и во фризерските салони. Негативниот тест веќе нема да овозможува посета во овие јавни прстори, доколку лицето не е вакциниранот или не може да докаже дека прележало Covid-19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.