Германија со вонредни летови носи сезонски работници од Романија за берење аспарагус

Во Германија во четвртокот пристигнуваат првите авион со кои со вонредни летови се носат работници од Романија, коишто во прв ред би требало да помогнат во бербата на аспарагусот.

„Меѓу земјоделците владее олеснување: ова овозможува земјоделските субјекти да продолжат со работењето“, изјави претседателот на Германското здружение на земјоделците, Јоаким Руквед за јавниот сервис BR.

Германската министерка за земјоделство Јулија Клекнер и министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер пред една седмица постигнаа договор за изземање од забраната за влез во земјата за 80.000 сезонски работници од Романија, Бугарија и Полска. Поради мерките против ширењето на коронавирусот, германските граници се затворени во моментов за редовен проток на патници.

Дозвола за излегување од земјата за своите граѓани одобри и романската влада. Првите три авиони со работници од Романија би требало во текот на денот да слетаат во Берлин и Диселдорф. Натамошните вонредни летови, кои ги изведува компанијата „Eurowings“, треба да се одвиваа следните денови. Доаѓањето на сезонските работници, инаку, е ограничено на неколку аеродроми.

Засега, како што пријави управата на „Eurowings“, пријавени се 20.000 патници за превезување по воздушен пат. Сезонските работници од Полска, исто така, ќе може да дојдат во Германија само преку воздушен пат.

Врвот на бербата на аспарагусот започнува кон крајот на април, но оваа година поради топлото време бербата започна порано. Во Германија таа традиционално трае до крајот на јуни.

Руквед изрази задоволство што за бербата на аспарагусот се јавиле и многу домашни работници, но укажа и на тоа дека без сезонците од источна Европа бербата не би била можна. „Станува збор за искусни работници. Без нив не би одело“, рече .

Ги отфрли шпекулациите според кои поради зголемените трошоци за доаѓањето на сезонците од Романија и Бугарија, коишто имајќи предвид дека другите патишта се затворени се принудени авионски да доаѓаат, би можело да ги зголеми цените на зеленчукот.

„Сѐ уште е рано да се зборува за тоа дали овие околности ќе се одразат и на цената на зеленчукот на пазарите“, рече Руквед.

Сезонските работници по доаѓањето ќе бидат подвргнати на здравствени прегледи поради опасноста од коронавирусот и 14 дена ќе бидат одвоени од другите работници, наведе Здружението на земјоделците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.