Германија во 2023-та ја чека рецесија

Германската економија ќе се намали во 2023 година бидејќи драматичниот раст на енергетските трошоци ги замрзна изгледите за закрепнување по пандемиската криза, објави во понеделникот институтот Ifo.

Институтот во јуни прогнозираше дека германската економија следната година ќе порасне за 3,7 отсто, а сега предвидува дека активностите во 2023 година ќе паднат за 0,3 отсто.

Истовремено во Ifo значителни ја подигнаа прогнозата за инфлацијата во 2023 година, за шест процентни поени на 9,3 отсто.

Оваа година економијата според најновите процени на Ifo би требало да порасне за 1,6 отсто. Во јуни институтот прогнозираше стапка на растот од 2,5 отсто. Инфлацијата годинава би требало да измесува 8,1 отсто и ќе биде повисока за 1,3 процентни поени, отколку што прогнозираа во јуни.

„Намаленото снабдување со гас од Русија во текот на летото и последично драстичното зголемување на цените го уништуваат економското закрепнување по пандемијата на коронавирусот“, вели шефот на одделот за економски прогнози во Ifo, Тимо Волмершаузер.

Првото тримесечје во 2023 година ќе биде особено тешко за потрошувачите, бидејќи добавувачите на енергијата поради високите трошоци за набавките ги прилагодуваат цените, што инфлацијата ќе ја доведе до нови од околу 11 отсто, соопшти институтот.

Тоа значи намалена куповна моќ на домаќинствата, предупредуваат од Ifo, додавајќи дека владиниот пакет ќе го ублажи ударот, но дека нема сосема да го амортизира.

„Губењето на куповната моќ, мерено со падот на реалните плати по жител за околу 3 отсто во оваа и во следната година, е најголемото откако во 1970 година е воведен сегашниот систем на националните буџети“, додава Волмершауезер.

Во текот на следната година растот на цените би требало постепено да слабее, под претпоставка дека во текот на зимата ќе има доволно гас, напомнуваат од Ifo, додавајќи дека цените на енергенсите би требало да почнат да паѓаат најдоцна во пролетта 2023 година.

Во 2024 година, пак, германската економија би требало да порасне за 1,8 отсто, а цените за 2,5 отсто, пресметале во институтот.

Германската економија речиси стагнирала во вториот квартал годинава, поткрепена од потрошувачката на домаќинствата и од владата. Во првите три месеца активноста пораснала за 0,8 отсто во однос на крајот на минатата 2021 година.