Германија воведува основна пензија, додаток за ниските пензии

Германската Влада денеска усвои нацрт закон за така наречената основна пензија, со кој се зголемуваат пензиите на лицата кои и покрај долгогодишниот работен стаж и уплати во пензискиот фонд имаат ниски пензии.

– Ова е најверојатно е најголемиот социјален проект. Основната пензија во Германија ќе биде праведна, изјави сојузниот министер за труд Хубертус Хеил од Социјалдемократската партија на Германија (СПД).

Коалицискиот партнер од Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) и министер за внатрешни работи Хорст Сехофер изрази задоволство за нацрт законот.

Основната пензија е еден од најголемите проекти на четвртиот кабинет на канцеларката Ангела Меркел. Тоа е мерка со која ќе се подобри финансиската ситуација на пензионерите кои и покрај долгогодишниот работен стаж добиваат пониска од просечната пензија.

Вообичаено станува збор за лица со ниски квалификации или луѓе кои работеле скратено работно време.

Право на основна пензија би имале само тие пензионери кои во пензискиот фонд уплатувале најмалку 33 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.