Германија воведува построги мерки за сексуално злоставување деца

28

Реагирајќи на низата случаи на масовно сексуално злоставување на деца во Германија последните месеци, германската влада во средата усвои закон кој предвидува построги казни и овозможува поефикасен прогон на сторители.

„За да се бориме со цела сила против овие страшни злосторства и подобро да ги заштитиме децата, донесовме еден сеопфатен законски проект“, изјави министерката за правосудство Кристине Ламбрехт по состанокот на кабинетот во средата.

Меѓу другото, и ширењето на детската порнографија е вброено во категоријата злосторства за кои е предвидена минимална затворска казна од една година. Досега овие дејанија беа вбројувани во прекршоци.

За организирање продажба на детска порнографија, според новиот нацрт-закон на владата предвидени се затворски казни и до 15 години.

Натаму, сексуалното злоставување во иднина ќе се нарекува „сексуално насилство над деца“. И во оваа категорија кривични дела казната се зголемува од 10 на 15 години затвор.

Владејачката унија на демохристијаните (CDU/CSU) побара и дополнително заострување на законот за сексуалното насилство над децата, особено кога станува збор за заштитата на жртвите.

Генералниот секретар на CDU, Паул Цјемјак, се залага за закони со коишто интернет компаниите би биле присилени на подолго чување на ткн IP адреси прекуи кои е можно да се дојде до консумемнтите на детска порнографија на интернет.

Германската јавност последните месеци е потресувана од неколку случаи на масовно злоставување на децата. Во моментов се водат процеси во три големи случаи, сите три во сојузната покраина Северна Рајна – Вестфалија.

На почетокот од септември германската полиција во рамките на операција ширум Германија, чија цел бил педофилски синџир, кај 50 осомничени запленила околу 2.000 паметни телефони, персонални комнјутери и други уреди. На целата територија на Германија со оваа педофилска верига се поврзуваа 207 осомничени.

Педофилскиот синџир е наречен по гратчето Бергих-Гладбах, крај Келн, од каде е првиот осомничен во овој случај.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.