Германија за првпат во 24 часа има преку 1.000 смртни случаи од Ковид-19

Германија за првпат потврди над 1.000 смртни случаи од ковид-19 за 24 часа, покажуваат податоците на Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“.

Според Институтот, за еден ден се потврдени 1.129 смртни случаи и 22.459 нови инфекции со коронавирус.

До денеска, најголемиот број на смртни случаи во Германија беше потврден во минатата среда која беа регистрирани 962 случаја. Во земјата досега починаа 32.107 лица од ковид-19 од почетокот на пандемијата.

Институтот „Роберт Кох“ предупредува дека податоците објавени последните денови се нецелосни затоа што санитарните власти на германските сојузни држави не ги доставиле сите податоци поради Божиќните празници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.