Германија демантира дека ќе депортира мигранти во Италија

169

Германија вчера го негираше извештајот објавен во италијанските медиуми дека Берлин планира обемна депортација на мигранти со чартер летови во Италија. Иако првично беше без коментар, германското МВР објави дека во наредните денови не се планираат летови за Италија.

Италијанскиот весник „Република” претходно напиша дека германската агенција за бегалци испратила „десетици писма до мигранти“ во кои ги советувала да планираат префрлување во Италија, најверојатно со  чартер летови. Според весникот, првиот таков лет е планиран за 9-ти октомври.

На ова реагираше италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини кој се закани дека ќе ги затвори аеродромите низ цела Италија ако Германија или било која друга членка на ЕУ депортира мигранти во таа земја.

Ние ќе ги затвориме аеродромите како што тие ги затворија пристаништа, истакна Салвини.

И работниците во аеродромот во Минхен за новинската агенција ДПА рекле дека баварските власти се подготвуваат да ја направат првата депортација на мигранти во Италија во наредните денови. Мигрантите пред да стигнат во Германија биле регистрирани во Италија, па Рим е одговорен за нивните барања за азил, како што е договорено со Даблинската спогодба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.