Германија и Франција го осудија Трамп за недоследност околу Г7

Германија и Франција остро ја критикуваа во неделата одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп нагло да ја повлече поддршката од заедничката изјава на земјите од Г7, и го обвинија дека ја уништува довербата и се однесува неконзистентно.

Американскиот претседател Доналд Трамп го напушти порано самитот на седумте најразвиени земји во светот кој се одржуваше во Канада, а потоа на Twitter објави дека ги повлекува својот потпис од заедничката изјава. На социјалната мрежа го нападна и канадскиот премиер Џастин Трудо.

„Премиерот на Канада Џастин Труди се однесуваше толку благо во текот на нашите Г7 состаноци за откако што заминав да каже дека ‘американските тарифи се помалку навредливи’ и дека ‘со него нема да се манипулира’. Многу неискрено и немоќно. Напите тарифи се одговор на неговите 270 отсто на млечните производ“, напиша Трамп.

Германија и Франција, истакнаа дека стојат зад заедничката изјава и покрај одлуката на Трамп.

„Во неколку секунди може да се уништи довербата со 280 букви на Twitter. Однесувањето на Трамп всупност не е изненадување, го видовме и тоа кај климатскиот договор и нуклеарниот договор со Иран“, истакна германскиот министер за надворешни работи Хеико Маас, кој доаѓа од редовите на социјалдемократите, коалициски партнер во владата на канцеларката Ангела Меркел.

„Мораме да задржиме студени глави и да дојдеме до вистинските заклучоци“, рече Маас. Додаде дека одговорот на Европа мора да биде уште поблиска во соработката, одбрана на интересите и зајакнување на сојузништвото со земјите како Јапонија и Канада. „Обединета Европа е одговор на Америка на првото место“, напиша шефот на германската дипломатија на Twitter.

Претходно и Елисејската палата во неделата објави дека Франција и Европа и натаму ја поддржуваат заедничката изјава на Г7, додавајќи дека секој којшто не се придржува до обврските кои се преземени самитот да покажат своја недоследност.

Трамп ги разлути Европската унија, Канада и Мексико кога минатата седмица го укина нивното изземање од царините на челикот и алуминиумот. Двете страни се во судир и поради повлекувањето на САД од нуклеарниот договор, како и од Парискиот договор за борба против климатските промени, бидејќи американскиот договор ги преферира билетаралните наместо колективните и регионалните договори, особено во сферата на трговијата.