Германија и Турција се обврза да ги поправат односите

Министрите за надворешни работи на Германија и на Турција, Зигмар Габриел односно Мевлут Чавушоглу се договорија во саботата дека ќе работата на отстранувањето на пречите за подобрување на билатералните односи, нарушени поради повеќе спорни прашања и сандали меѓу двете земји, меѓу кои и пресметката на Анкара со осомничените за неуспешниот пуч од 16-ти јули 2016 година при што се уапсени и десетина германски државјани со турско потекло.

Шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел ги истана на средбата со турскиот колега Мевлут Чавушоглу историските врски меѓу двете земји, вклучително и улогата на турските работници во обновувањето на повоена Германија, прифаќањето на германските бегалци во Турција во времето на нацизмот, како и повеќе од трите милиона Турци во Германија.

„Се договоривме дека задача ние е да сториме сѐ за да ги надвладееме тешкотиите во германско-турските односи и да најдеме заеднички јазик во иднина, имајќи го на ум сето она што нѐ поврзува“, изјави Габриел по средбата со Чавушоглу во својата изборна единици Гослар, на околу 250 километри западно од Берлин.

Чавушоглу додаде дека двајцата веруваат оти неодамнешните тензии можат да идат надмината со дијалог.

Сепак, јасно укажаа дека некои разлики и натаму остануваат. Чавушоглу рече дека еден од поголемите проблеми е прашањето дали Турција треба да влезе во Европската унија, на што Германија се спротиставува, но според оцената на германските медиуми „звучеше попомирливо од претходно“.

„Ќе имаме полза доколку несогласувањата ги оставиме настрана и продолжиме по нашиот пат. Би требало да се концентрираме на прашањата коишто одат во полза и на двете држави, како што е царинската унија“, истакна турскиот дипломат.

Едно од главните несогласувања е и судбината на германскиот новинар од турско потекло Дениз Јучел, кој речиси цела година е во притвор во Турција а против него не е покренато обвинение. Берлин редовно ја обвинува Анкара за непопустливост кон курдските сепаратисти и пучистите, додека во обратна насока одат обвинувањата дека во Германија овие лица кои турските власти ги сметаат за поврзани со тероризам добиваат засолниште. Габриел рече дека со Чавушоглу разговарал за случајот со Јучел, но не даде поединости.