Германија изрази подготвеност да прифати уште пет илјади сириски бегалци

Германија е подготвена да прифати уште пет илјади бегалци од Сирија, изјави германскиот министер за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих за време на вчерашната седница на Европскиот совет на министрите за внатрешни работи.

Во март оваа година Берлин одлучи да го прифати пет илјади бегалци, а со новиот ангажман веќе станува збор за вкупно 10 илјади лица. Луѓето кои дојдоа во Германија во март, добија и дозвола за престој во рок од две години.

Според „Велт“ одлуката е компромис, бидејќи социлдемократите , кои се дел од владејачката коалиција на Ангела Меркел, сакале да бидат згрижени уште 15 илјади бегалци од Сирија, односно Германија да прифати 20 илјади Сиријци вкупно.

Од 2011 година наваму во Германија се поднесени над 18 илјади молби за добивање на статус на бегалец, од страна на сириски граѓани.