Германија му дава азил на секој втор барател од Турција

42

Речиси половината од сите барања за политички азил од турски државјани во Германија се одобруваат, што претставува значително висок процент во споредба со барањата од државјани од други земји, соопшти во петокот германското министерство за внатрешни работи.

„Турција не е земја на безбедно потекло. За турските државјани кои мислат поинаку ситуацијата се влошува од ден в ден“, изјави политичарката од партијата Левица, Севим Дагделан која има турско потекло, која како пратеничка во Бундестагот постави прашање за министерството за внатрешни работи.

Таа воедно ја обвини германската влада дека соработива со властите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

„Германската влада делува несовесно кога го поддржува економски режимот на Ердоган и му испраќа оружје, додека истовремено им пружа азил на лицата кои од истото тоа оружје бегаат во Германија“, рекла Дајделен.

Зголемувањето на бројката подносители на барање за азил од Турција драстично се зголемило од неуспешниот обид за воен удар од 15-ти јули 2016 година. Претходните годни во Германија азил барале околу 1.800 турски државјани, прио што главно станувало збор за етнички Курди. Во 2018-та, пак, во периодот од јануари до крајот на ноември азил побарале 10.075 турски државјани.

Според германските властин, во најголем дел тоа се однесува на граѓаните коишто турските власти ги обвинуваат за соработка со исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен кој од почетокот на векот замина во доброволен егзил во САД, а кого Анкара го обвинува дека заедно со неговата голема мрежа инфилтрирана во државните институции го организирал неуспешниот пуч.

Skin Delight