Германија помага во уништување на сириското хемиско оружје

Германија одлучи да се огласи на повиците на Организацијата за забрана на хемиското оружје и да помогне во уништување на сириското хемиско оружје, изјавил денеска германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер.

Шефот на германската дипломатија рекол дека земјите кои имаат технички можности треба да помогнат и не треба да одбиваат да пружат помош, а германските оружени сили имаат технички капацитет да го направат тоа.

„Поради тоа во германската влада одлучивме да не бегаме од својата одговорност и да дадеме свој придонес во уништување на хемиското оружје“, рекол Штајнмаер.