Германија предлага на Британците да им се наплати пристап до единствениот пазар

Функционери од германската влада предложиле на Велика Британија да ѝ се овозможи пристап до единствениот пазар на Европската унија доколку плати за тоа, објави во саботата списанието Focus повикувајќи се на извештај од министерството за финансии.

Извештајот на 35 страници за потенцијалните трошоци на напуштањето на Велика Британија на Европската унија за Германија било наведено дека Брегзитот може да претставува „сериозни последици врз економијата и стабилноста, особено врз реалниот сектор“.

Министерството пресметало дека Берлин поради излегувањето на Лондон ќе мора да уплатува дополнителни 4,5 милијарди евра годишно во буџетот на ЕУ. За да се амортизира тој трошок, министерството дошло на идеја на Британците да им се наплати пристапот до единствениот пазар на Унијата.

„Таквиот иден финансиски придонес би требало да биде искористен да ги ублажи финансиските последици од Брегзитот“, ги цитира Focus германските функционери.

Весникот додава дека Брегзитот ќе претставува и дополнителен товар за германските даночни и царински функционери поради новите даноци на производите и услугите на британските компании.