Германија: Претрес на џамии, исламски центри и домови

Полицијата во Германија вчера изврши петрес во џамија, домови на муслимани, како и во исламски центри во повеќе градови низ земјата, под сомнеж за поврзаност со џихадистите во Сирија.

Акцијата била спроведена во Нирнберг, Бон и Вајхе.

Претресените објекти биле поврзани со осомничени припадници на ултраконзервативното салафистичко движење на возраст од 23 до 36 години, кои планирале напади. Сепак, во операцијата нема уапсени.

– Нема да седиме со скрстени раце и да гледаме како терористите од Исламската држава во Ирак и во Сирија добиваат поддршка од Германија, изјави министерот за внатрешни работи на Баварија, Јоахим Херман.

Повеќе од 400 германски граѓани заминале во Сирија за да се борат на страната на ИД.