Германија сигурна против Кореја, Данска во полувреме прими само четири гола против Чиле

Репрезентацијата на Германија со победа од 30:19 (17:10) над Јужна Кореја во Групата А го отвори Светското првенство во ракомет, на кое се ко-домаќини со Данска, чијашто селекција, пак, со 39:16 (22:4) го победи Чиле во Групата Ц

Во Берлин, германските ракометари уште од стартот имаа целосна контрола на резултатот и немаа поголеми проблеми против Корејците, кои за првпат играат под заедничко знаме. „Панцирите“ на полувремето водеа со плус 7, а потоа рутински ја зголемуваа предноста до конечен триумф од 11 голови ралила.

Генсхајмер реализираше 7 гола, додека Фекелер реализираше четири за победничкиот тим. Кај Корејците, Јанг и Канг се истакнаа со по четири гола, а добар меч кај поразениот тим имаше голманот Парк со дури 17 одбрани.

Во наредното коло, Германците играат со Бразил, додека Кореја против Русија.

Ракометарите на Данска, пак, беа  немилосрдни на дуелот со Чиле во Копенхаген и откако во првото полувреме примија само четири погодоци (22:4), во второто драстично го намалија интензитетот но сепак извојуваат висока победа од 39:16.

Каспер Моренсен со осум и Микел Хансен со седум голови ја предводеа Данска, додека во редовите на очигледно ракометни недораснатиот противник се истакна Родруго Салинас со четири погодоци.

По два дена во следното коло Данска ќе се соочи со Тунис, а Чиле ќе се обиде да се рехабилитира од дебаклот против Австрија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.