Германија за влакно избегна рецесија, економијата стагнира

Германската економија забележала стагнација во последниот лански квартал во однос на претходниот квартал, со што избегнала рецесија, но загриженоста во врска со најголемата европска економија и натаму остануваат.

Во четвртиот квартал минатата 2018 година растот на германскиот бруто производ (БДП) изнесувал 0,0 отсто во однос на третото тримесечје, извести во четвртокот германското статистичко биро Destatis. Аналитичарите, пак, во анкетата на Reuters очекуваа благ раст од 0,1 отсто.

Иако не е забележан раст, економијата ја избегнала рецесија, која се закануваше откако во третиот квартал падна за 0,2 отсто, што е првиот пад на германскиот БДП од 2015 година.

„По динамичниот почеток на минатата година, во вториот дел од годината е забележан благ пад. Во целата мината година економијата пораснала за 1,4 отсто“, се наведува во извештајот на Destatis.

Бирото извести и дека во последниот лански квартал влијанието на домашната побарувачка бил позитивен, но дека ситуацијата во надворешната трговија немала позитивен придонес на растот на БДП-то.

Карстен Брзески, главен економист во институтот ING Germany, вели дека во 2018 година започнала со очекувањата дека економијата ќе порасне по највисоките стапки од 2011 година, меѓутоа годината завршила со разочарување. „Германската економија ја избегна техничката рецесија со најмало можно придвижување“, вели Брзески.

Германската економија последните месеци е под притисок поради структурните промени во автомобилската индустрија, трговските тензии меѓу САД и Кина, воведувањето царини и забавувањето на ззрастот на глобалната економија.