Германска банка конфискува 20 тони злато на Венецуела

Една од најголемите германски банки „Deutsche Bank“ конфискувала 20 тони злато во сопственост на Венецуела, поради наводно неисполнување на финансискиот договор за исплатата на заем одобрен во 2016 година, пренесува агенцијата Bloomberg повикувајќи се на информиран извори.

Агенцијата истакнува дека ниту претставници на „Deutsche Bank“, ниту службата за односи со медиумите на централната банка на Венецуела не сакале да ги коментираат ваквите информациии.

Според сознанијата на Bloomberg News, според договорот потпишан во 2016 година, Венецуела добила заем од банката во висина од 750 милиони американски долари и депонирала 20 тони злато како залог. Се додава дека Венецуела наводно не ги исполнила условите од договорот, кој требало да истече во 2021 година, поради што банката решила предвремено да го раскине договорот и да го конфискува златото.

Кон крајот на април челникот на руското воено разузнавање ГРУ, вице-адмиралот Игор Костјуков, на Московската конференција за меѓународна безбедност изјави дека „Банките во Велика Британија одбиваат да вратат 80 тони злато од резервите на Венецуела“. Но тој не ги појасни причините за тоа, но говореше во контекст на притисоците на Западот врз венецуелскиот претседател Николас Мадуро да ја напушти должноста во полза на опозицијата која ја поддржуваат САД кои предизвикуваат истовремено и безбедносни ризици за земјата,

Како резултат на лошото водење на курсните политики на домашната валута но и економските притисоци и блокади од САД, Венецеула неколку години наназад е во голема економска криза, којашто дополнително ја влошуваат и финансиските и економските санкции наметнати од почетокот на 2019 година. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ, очекува дека венецуелскиот бруто домашен проивод (БДП) во 2019-та ќе загуби 25 отсто, а следната година уште 10 проценти. Притоа инфлацијата ја проектира на 10 миолиони проценти во 2019 и 2020 година.