Германска компанија ќе гради сончева централа кај Македонски Брод

Фотоволаична централа која ќе произведува еден мегават електрична енергија близу селото Инче во Македонски Брод ќе гради германската компанија мини хидроцентрали од Меминген.

Откупени се 28 илјади метри квадратни на кои ќе бидат поставени сончевите колектори  и опрема. Инвестицијата е еден милион евра,пари  обезбедени од Европската банка за развој.

Германскиот инвеститор,сака да ги откупи и останатите три локации за оваа намена близу Инче. За нив велат локалните власти има интерес и меѓу домашни компании. Бидејќи Електро Израел испитал дека на овој дел од Македонија годишно има најмногу сончеви денови.

Од германската компанија мини хидроцентрали која во Европа има над 40 мали хидро и фотоволтаични централи тврдат дека со максимална искористеност на сончевите денови и часови, инвестицијата се врака за осум години, а одржувањето е минимално и нема еко загадување.