Германската Католичка црква го измени работниот закон и ја укина дискриминацијата на геј лицата

Германската Римокатоличка црква го измени во вторникот својот работен закон, меѓу другото и поради тоа за да ја укине дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација.

Католичките бискупи од 27 дијацези (бискупии – епархии) во Германија се согласија на измените по повеќемесечна дискусија.

Одлуката е донесена една година откако 125 вработени јавно признале дека се геј и побарале укинување на дискриминацијата во законот за работа. Досега тие можеа да ја загубат работата доколку, на пример, склучат истополово партнерство или повторно се венчаат по развод.

Таканареченото „Темелно правило на служба во Црквата“ е основа за работните права и обврски на 80.000 вработени во германската Католичка црква.

„Јасно, како никогаш претходно, разноличноста во црковните институции е признати како богатство“, објави германската Бускупска конференција.

Стручњакот за канонско право, Томас Шулер, изјави за медиумите дека бискупите биле мотивирани од одлуката на „државните судови на трудот кои веќе долго не ги применуваат одредбите од трудовото право кои се однесуваат на личниот живот“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.