Германската кланица која беше големо жариште на Ковид-19 повторно работи

Кланицата на компанијата „Тенис“, во германскиот град Ред-Виденбрик, од денеска повторно ќе може да работи и да пакува месо. Погонот на фабриката е одобрен со нов режим на здравствени и хигиенски мерки.

Прво фабриката ќе биде во пробен режим на работа неколку дена, а на работа ќе се вратат 2.700 вработени, кои беа испратени дома поради тоа што имаше многу заразени со коронавирус.

За да не дојде до зголемување на бројот, здравствените власти решија да ја затворат кланицата, која после речиси еден месец одново почнува со работа.