Германската полиција кај Хановер трага по докази за исчезнатата Медлин Меккејн

Германската полиција извела ископувања во близина на Хановер трагајќи по докази во случајот за кој обвинителството тврди дека би можел да биде поврзан со исчезнување на британското девојченце Медлин Меккејн пред 13 години на коешто му се загуби секој траг додека со родителите престојуваше на одмор во куќа во Протугалија.

Теренот во Селзее, предградие на Хановер, на еден час возење од Брауншвајг, место во кое постојано престојувалиште имал маж по идентификуван како 43-годишниот Кристијан Брикнер кого обвинителите во јуни го споменаа како главен осомничен за претпоставеното убиство на британското девојченце.

„Можам да потврдам дека претресот и трагањето се поврзани со истрагата во случајот Меди Меккејн“, изјави Јулија Мајер, портпаролка на обвинителството во Брауншвајг кое ја води истрагата во овој случај. Одби да зборува за другите поединости поврзани со истрагата.

Фотографиите кои ги поседува агенцијата Reuters потврдуваат дека полицајците и стручњаците за ексхумација биле на споменатата локација во вторникот утрото. Целото подрачје на пребарувањето били сокриено од погледите со пластични зависи.

Исчезнувањето на тогаш тригодишната Медлин Меккејн од собата во изнејмена куќа во португалското летувалиште Алграве ја поттикна една од најголемите потраги во Европа. Минатиот месец обвинителите потврдија дека поседуваат докази кои го поврзуваат исчезнувањето на девојченцето со маж казнуван за силување и злоставување деца.

Поради германските закони, полицијата не го објави името на осомничениот а медиумите, исто така, не смеат да го објават, но него сепак го именуваа некои медиуми во Велика Британија.

Во текот на претходните фази истрагата беше насочена на напуштено индустриско подрачје во источна Германија чиј сопственик бил осомничен маж кој во моментов е на отсложување на затворска казна на која е осуден поради препродажба на дроги.

Британската и германската полиција повикаа да се споделат информации за маж кој живеел во северниот германски град Брауншвајг пред да се пресели во странство, и објавија фотографии од две возила: кампер „фолксваген“ и „јагуар“ кои ги користел осомниечниот во тој период.

Полицијата соопшти претходно дека сака да разговара со досега неидентификувано второ лице, кое разговарало со осомничениот Германец од португалски телефонски број на 3-ти мај 2007 година, во моментот на исчезнувањето на девојченцето.

Обвинителите ја проверуваат дали осомничениот е поврзан со исчезнувањето на уште најмалку едно дете во Германија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.