9.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Германската полиција откри илегални фризерски салони во подруми

За два илегални фризерски салони во јужна Германија, денот почна лошо кога полицијата влезе во подрумите, каде што клиентите чекале за нова фризура.

Тие биле сместени во подруми во две згради во округот Милтенберг во Баварија, но полицијата добила дојава за давање фризерски услуги, во моментов забранети се мерките за спречување на ширењето на Ковид-19, изјави во саботата портпаролот на баварската полиција.

Двата салона биле професионално опремени, додаде тој.

Две лица чекале за фризура во зграда во Елсенфелд, додека полицајците пронашле уште едно лице во фризерскиот стол во Момлинген.

Три лица се приведени за нарушувања на мерките при пандемија.

Инспекторите проверуваат дали фризерите имале регистрирана дејност и дали ги наплаќале услугите.