Германската полиција го задржа Пучдемон на границата со Данска

692

Германската полиција го задржа отстранетиот поранешен каталонски претседател Карлес Пучдемон, кога со автомобил минувал од Данска во Германија, изјави неговиот адвокат Хаиме Алсонсо-Киевиљас за шпанската новинска агенција EFE.

Шпанските влади го бараат Карлес Пучдемон поради бунт против шпанската држава и организирање на референдумот за независност на Каталонија кој го забрани шпанскиот Уставен суд, за што му се заканува долгогодишна затворска казна.

Отстранетиот челник на Каталонија се враќал од Финска каде што престојуваше минатата седмица на покана на фински парламентарец. Според него, Пучдемон во петокот ја напуштил Финска кон Белгија, каде што живее во егзил од ланскиот декември на „неутврден начин“. Финската полиција во саботата го отфрли шпанскиот налог за апсење потврдувајќи дека го примила, одговарајќи дека не знае каде тој се наоѓа.

Во петокот шпански истражен судија го одобри судскиот процес против вкупно 25 каталонски функционери обвинети за бунт против Шпанија, меѓу кои е и Пучдемон,. Во Каталонија во петокот и во саботата илјадници жители протестираа на улиците со транспарентите „Слобода за политичките затвореници“. Шпанскиот министер за надворешни работи Хуан Игнасио Зоидо изјави дека никој не е гонет поради политички идеи, туку поради кршење на законот.

Откако на 27-ми октомври во каталонскиот парламент беше изгласано воспоставување на независна Република Каталонија врз резултатите од референдумот од 1-во октомври кој го забрани владата во Мадрид, оваа ја суспендираше автономијата на покраината и го презема директното управување со неа. Пучдемон потоа замина во Белгија каде што живее и од каде води меѓународна кампања. Од тогаш престојуваше во Данска, Швајцарија и Финска, и покрај налогот за негово апсење коешто го објави Шпанија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.