Германската полиција уапси соучесник на австриски терорист

118
терорист

Полицијата во покраината Северна Рајна Вестфалија соопшти дека осомничениот на возраст од 21 година бил уапсен во саботата во градот Нојс по потерница за „планирање на сериозни кривични дела против државата“, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Портпаролот на австриското Министерство за внатрешни работи Карл Хајнц Грундбек вчера го потврдил апсењето на 17-годишен осомничен терорист во петокот вечерта кое што е поврзано со апсењето во Нојсе.

Германските и австриските власти одбиваат да дадат повеќе информации за случајот, а медиумите тврдат дека двајцата осомничени се обиделе да направат експлозив во нивниот апартман во Нојс.

Весникот „Фокус“ цитира судски извори според кои германски антитерористички единици влегле во станот на двајцата осомничени поради сомнеж дека тие подготвувувале бомбашки напади врз полицајци и војници при што се одземени компјутери и мобилни телефони. Уапсениот во Австрија пред полицијата признал дека се заколнал на верност на Исламската држава и ја открил врската со осомничениот од Германија.

Според медиумските извештаи, уапсениот во Виена е Лоренц К. роден во Австрија а неговите родители се од Албанија. Тој најверојатно станал приврзаник на радикална исламска идеологија додека бил во затвор пред две години поради физички напад.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.