Германската ракометна ѕвезда Дисинегер пристигна во Скопје

Македонскиот ракометен првак Вардар е на прагот да донесе големо засилување од Бундеслигата, во германскиот репрезентативец Кристијан Дисингер, кој бил забележан во Скопје, во друштво на првиот човек на „црвено-црните“, пишува порталот Гол.мк.

Според информациите до кои дојде Gol.mk, ракометарот и сопственикот на европскиот ракометен првак од пред две сезони, Сергеј Самсоненко, имале состанок во скопскиот хотел „Русија“, на кој се воделе преговори за трансфер на Дисингер во македонскиот ракометен првак.

Наводно, постои интерес и од двете страни за соработка, па останува да се договорат уште личните услови на Германецот кој пред неколку години се поврзуваше со трансфер во Вардар.

Повеќе на Гол