Германската Влада ги повика своите граѓани да ја напуштат Украина

Германија е последната земја  која ги повика своите граѓани во Украина да ја напуштат, бидејќи се зголемуваат стравувањата од можна руска инвазија во наредните денови, јави ДПА.

„Доколку моментално сте во Украина, проверете дали вашето присуство е строго задолжително. Доколку не е, заминете за кратко време“, препорача Министерството за надворешни работи во Берлин.

САД вчера први ги предупредија своите граѓани дека веруваат дека Русија наскоро би можела да изврши воен упад на својот сосед – тврдење што Москва го негира, потсетува ДПА.

Покрај САД, и Велика Британија, Данска, Летонија и Естонија, Австралија, Нов Зеланд, веќе ги повикаа своите граѓани во Украина да ја напуштат земјата.