Германската влада и натаму длабоко поделена во врска со шефот на разузнавањето

шефот на германското внатрешно разузнавње Ханс-Георг Маасен е под притисок од левицата и неолибералите порди забелешките за случувањата во Кемниц

Партиите во владата на германската канцеларка Ангела Меркел не успеаја во четвртокот да се договорат за судбината на челникот на Федералната служба за заштита на уставот (Bundesamt für Verfassungsschutz – BfV), Ханс-Георг Маасен, кој минатиот петок изнесе големо сомневање дека во Кемниц по убиството на Германцот од страна на двајца млади имигранти од Блискиот исток биле прогонувани барателите на азил, со што ја поткопа канцеларката Ангела Меркел којашто изјави дека снимките од овој источногермански град „многу јасно“ покажуваат омраза, како и во веродостојноста на медиумските извештаи за тоа.

Спорот околу Маасен за заканува по стабилноста на коалициската влада. Челниците од партиите на власта, Христијанско-демократската унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел, на нејзината сестринска баварска партија Христијанско-социјалната унија (CSU), министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер и на Социјалдемократката партија на Германија (SPD), Андреа Нахлес, по кризната седница на владата која траела околу два часа, одлучиле да ја одложат расправата до вторник. Портпаролот на владата извести за медиумите за „добра и сериозна распава која се водела со цел да се продолжи соработката“ во владата.

Шефот на германското внатрешно разузнавање Ханс-Георг Маасен во интервјуто за весникот Bild мината седмица изрази сомневање во извештаите на медиумите и изјавите на политичари дека имигрантите биле прогонувани во споменатиот источногермански град. И Михаел Кретшмер, премиер на сојузната држава Саксонија каде што е Кемниц а доаѓа од партијата на Меркел, оваа среда изјави дека имигрантите не се прогонувани, но канцеларката ја отфрли неговата изјава.

„Ја споделувам скепсата околу медиумските извештаи дека екстремистите од крајната десница прогонувале луѓе во Кемниц“, истакна првиот германски разузнавач Ханс-Георг Маасен во интервјуто за Bild. Додаде дека неговата „разузнавачка агенција нема потврдени информации дека такви прогони се случуваат“.

Неговите коментари веднаш наидоа на обвинување на менстријм неолибералните политичари кои сметаат дека со нив создава мешаница околу настаните во Кемниц и побараа негова оставка.

Маасен тврди дека не постојат докази дека видео-снимната којашто циркулира на интернет е автентична. „Врз основа на мојата претпазлива процена постојат добри причини да се верува оти станува збор за намерна дезинформација, можеби за да се пренасочи вниманието на јавноста од убиството во Кемниц“, предупреди Маасен.

Германските медиуми, пак, пишуваат дека тој по оваа изјава наводно го сменил мислењето и ја потврдил автентичноста на снимката, меѓутоа во јавноста нема никаква изјава на Маасен којашто би ги потврдила овие медиумски извештаи.

Пред седницата на владата во четвртокот, од SPD, без кои владата не би можела да владее со мнозинство во Бундестагот, ја побарале оставката од Маасен. Меѓутоа, опасноста доколку социјалдемократите илезезат од владата и се распишат нови парламентарни избори откако на последните заедно со конзервативците ги постигнаа најслабите изборни резултати во историјата, е дека европскептичната и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD), која за кусо време од постоењето стана третата политичка сила во земјата, уште повеќе ќе просперира.

Маасен, кого го поддржува министерот за внатрешни работи Зегофер и неговата CSU, кој и самиот се закани со оставка доколку Меркел не издејствува на ниво на ЕУ договор за враќање на барателите на азил од Германија, уште е обвинуван дека ја минимизирал важноста на наводните инциденти и за обвинувањето на канцеларката. Покрај тоа, јавната телевизија ARD наводно истражила дека Маасен наводно на AfD ѝ пренел доверливи информации, што претходно во четвртокот првиот разузнавач одлучно и официјало го негираше.

Сето тоа се случуваше неколку часа откако неговиот надреден, министерот за внатрешни работи Зехофер, повторно јавно му искажа доверба. Тоа ги разгневи социјалдемократите коишто од Меркел бараат да го разреши Маасен.

Извори на германската новинска агенција DPA рекле дека „не е исклучено“ Маасен да поднесе оставка. Но оваа афера може одново да ја дестабилизира кревката коалиција составена во март по шестмесечните мачни преговори кои на почетокот од летото за малку ќе пропаднеше поради судирот меѓу Меркел и Зехофер токму по прашањето на имиграцискиот прилив за кој недвосмислено е одговорна канцеларката со своите политики на отворени граници што за помалку од три години го искористија 1,6 милиони баратели на азил да дојдат во Германија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.