Германската влада малку ја зголеми прогнозата за раст за 2020 година

Германската влада скромно ја зголеми прогнозата за економски раст за оваа година на 1,1 процент, што е за 0,1 процентни поени од својата проекција во октомври 2019 година.

– Економијата ќе расте подобро оваа година отколку што се проценуваше минатата година. Изгледите се повесели, но не можеме да бидеме задоволни од сегашниот раст. Тековните показатели за раст се сè уште премногу ниски“, рече германскиот министер за економија, Питер Алтмајер за новата прогноза.

Германската економија, најголемата во Европа, бележи експанзија 10 години по ред, но нејзиниот раст од 0,6% во БДП минатата година е најслаб од 2013 година.

Приватната потрошувачка најмногу ја поддржуваше германската економија во минатата година, додека растот на извозот забави и производството ослабе.