Германската влада за една година ја продолжи воената мисија во Авганистан

Германската влада одобри во средата продолжување на мандатот на германските војници во Авганистан за уште една дополнителна година.

„Без оглед на напорите на авганистанските национални одбранбени и безбедносни сили, тие сѐ уште не се во состојба да се грижат за безбедноста на територијата на целата земјата“, се наведува во образложението на одлуката за продолжување на мандатот на Бундестверот во Авганистан.

Германската армија со колу 1.300 војници во оваа земја е вклучена во меѓународната мисија предводена од НАТО под назив „Resolute Support“, чијашто цел е обуката на авганистанските безбедносни сили.

Во образложението натаму се наведува дека преговорите последните години ја отвораат перспективатра за внатреавганистанските мировни преговори. Но истовремено се заклучува дека овој процес го карактеризираат „застои и чекори наназад“.

„Нивото на насилство во Авганистан сѐ уште е високо. Продлжувањето на мисијата е германски прилог во создавањето рамка за мировниот процес“, се наведува во заедничката порака до претставниците на Бундесверот од министерката за одбрана Анегрет Кремп-Карембауер и министерот за надворешни работи Хеико Маас.

Бундестагот до крајот на март би требало да ја потврди одлуката на сојузната влада за продолжувањето на мисијата на Бундесверот во Авганистан.

Соопштено е, исто така, дека иднината на германското учество во мисијата во Авганистан зависи од напредокот во мировните преговори меѓу САД и претставниците на авганистанското радикално исламистичко движење Талибан.