Германски Bayer продолжува со извозот на семиња и пестициди во Русија

Германскиот концерн „Bayer“ соопшти дека ќе продолжи со извозот на основните производи за земјоделството во Русија, променувајќи го ставот од март дека испораките во следната година ќе зависат од тоа дали Русија ќе престане со нападите во Украина.

„Целта ние да помогнеме да се спречи можна криза во снабдувањето со храна без преседан, а пристапот на храна од Русија во тој поглед е клучен“, објави во соопштение најголемиот произведувач на семиња и заштитни средства за земјоделието во светот.

Од „Bayer“ во март ја запреа целата испорака за Русија и Белорусија која не е поврзана со основните производи и се закани ќе ја запре и испораката на основните производи, како што се семиња и пестициди, доколку Москва продолжи „со ништо предизвиканите напади“ врз Украина.

Пресвртот во политиката на германскиот концерн се надоврзува на договорот меѓу Русија, Украина, Обединетите нации и Турција го потпишаа на 22-ри јули за да се овозможи извоз на житарките преку блокираните украински пристаништа на Црното Море, забележува Reuters.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.