Германски борбени авиони пресретнале руски авион над Балтикот

Германски борбени авиони пресретнале руски извидувачки авион над Балтичкото Море и го испратиле од германска територија, објавија германските медиуми.

– Руски извидувачки воен авион е забележан во близина на островот Реген, по што два авиони „Еурофајтер“ полетаа од базата Лага кај Росток, па рускиот авион беше придружуван подалеку од германска територија, потврди агенцијата ДПА.

Дополнително, наведува агенцијата, било потврдено дека авионот „се приближувал до германскиот воздушен простор“, но дека го променил правецот по полетувањето на германските авиони. Целиот инцидент се случил во саботата, пишува медиумот.

Во меѓувреме, данската влада го повикала рускиот амбасадор во таа земја на информативен разговор поради неодамнешното влегување на руски воен авион во данскиот воздушен простор над балтичкиот остров Борнхолм. Во таа прилика рускиот авион го нарушил и шведскиот воздушен простор, пренесуваат медиумите во светот.