Германски CDU го избра Фридрих Мерц за челник на партијата

Германската Христијанско-демократската унија (CDU) го избра во петокот Фридрих Мерц за челник на оваа партија од десниот центар, на местото на Армин Лашет а се претпоставува дека тоа ќе значи свртување на партијата в десно, откако изминатите години ја губеше поддршката од десноориентираното гласачко тело.

Мерц го обезбеди потребното апсолутно мнозинстви на изборите на кои противкандидат му беа Хелге Браун и Норберт Ретген. Добил повеќе од 50 отсто од гласвоите, објави партијата во петокот што значи дека вториот круг од гласањето нема да биде потребен.

Лашет поднесе оставка откако CDU во коалицијата со сестринската баварска Христијанско социјална унија (CSU), која бо последните 16 години беше доминантна парија во низата владејачки коалиција предводени од поранешната канцеларка Ангела Меркел, на септемвриските парламентарни избори остварувајќи историски најслаби резултати.

CDU, која владееше или силно влијаеше во германската политика по Втората светска војна, сега е во опозиција а вчласта ја презема коалицијата на Социјалдемократската партија на Германија (SPD), Зелените (Bündnis 90/Die Grünen) и Слободнaта демократска партија на Германија (FDP).