Германски „Ханделсблат“: Ефикасноста е потврдена – три причини поради кои ЕУ треба да ја купи „Спутник V“

Моментално руската вакцина против коронавирусот поминува низ процедура на постепена експертиза во европскиот регуларот за лекови.

ЕУ би требало да ја купи руската вакцина против коронавирусот – Спутник V, чија ефикасност е потврдена, пренесува германскиот весник „Handelsblatt“, додавајќи дека за тоа постојат три причини.

Матијас Брухман наведува дека првата причина за тоа е тоа што купувањето на руската вакцина би ја ублажила напнатоста во односите меѓу Русија и ЕУ.

Второ, многу од луѓето му веруваат на рускиот претседател Владимир Путин отколку на европските политичари и сакаат да се вакцинираат со руската вакцина против коронавирусот, а тоа би довело до неопходниот колективен имунитет, додава новинарот, пренесува „Србија Данас“.

„Русија врз основа на научното население е способна да постигне големи успеси во медицината, што е докажано уште од времето на Советскиот Сојуз. Источна Германија благодарение на вакцините успеала да искорени болести и претходно“, потсетува германскиот новинар.

Третата причина поради тоа што ЕУ треба да ја купи руската вакцина, според мислењето на Брухман е фактот што тоа е главната работа во борбата против пандемијата – да се користи тоа што навистина помага.

Тој потсетува дека Спутник V сакаат да ја купат и поедини премиери од германски сојузни држави, како и претставници на федерални влади. Доколку ЕУ го блокира купувањето на руската вакцина, со набавката директно треба да се занимава Берлин, смета Брухман.

„Тоа е исправно барање. Исто така исправно е да се направи тоа што е можно побрзо. Како и со случајот со западните вакцини, договор се составува пред Европската агенција за лекови (ЕМА) да ја регистрира вакцината. ЕМА сега ја проверува Спутник V, а Унгарија и Словачка веќе ја користат вакцината по регистрацијата на национално ниво, заклучил новинарот.

Да ве потсетиме, моментално руската вакцина против коронавирусот ја поминува процедурата на експертиза во европскиот регулатор за лекови – ЕМА. Таа процедура претходи на формалното барање на ЕМА за регистрација на вакцината на пазарот на ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.