Германски компании го потврдија писмото од „Газпром“ за „виша сила“

Германските енергетски компании „Uniper“ и RWE потврдија во вторникот рускиот гасен гигант „Газпром“ со писмо ги известил дека ги намалил испораките на гасот поради „виша сила“, легитимна ставка на сите енергетски договори, со што се зајакнува неизвесноста околу отворањето на гасната славина за Германија и натаму за Европа кон крајот на седмицата.

Од „Газпром“ минатата среда известија дека не можат да гарантираат нормално функционирање на делот од клучниот гасовод кон Европа, откако другите правци поради санкциите на Западот се прекинати, а ден подоцна му испорачал минимално на еден купувач на Европа со известување дека на активирал клаузулата за „виша сила“, според писмото коешто Reuters го имал на увид.

„Виша сила“ е стандардна клаузула во деловните договори, позната и како клаузулата „Божја сила“, и дефинира екстремни околности коишто ја ослободуваат договорната страна од исполнувањето на преземените обврски. Оваа клаузула повеќепати ја користеше и украинскиот оператор со гасната транзитна мрежа од почетокот на руската офанзива при обидите за резервирање на капацитетите од страна на „Газпром“ на еден од двата хаба кон Европа.

Прогласувањето на оваа клаузула не значи нужно дека „Газпром“ ќе ги запре испораките на гасот, туни дека не сноси правна одговорност доколку тоа се случи, појаснува Reuters.

Од „Газпром“ не одговориле на барање на агенцијата да ја коментираат информацијата за „вишата сила“.

Најголемиот германски увозник на руски гас „Uniper“ е меѓу купувачите коишто потврдиле дека го примиле писмото од „Газпром“. Истакнале дека официјално го отфрлаат тврдењето на „Газпром“ и дека го сметаат за неоправдано.

Од RWE, најголемиот германски производител на електрична енергија којашто, исто така, увезува гас од Русија, исто така потврдиле дека го примиле известувањето за „виша сила“.

„Ве молиме да сфатите дека не можеме да коментираме поединости од писмото, ниту нашето правно мислење“, соопштиле во одговор за Reuters од германската компанија.

Австриската нафтена и гасна групација OMV во понеделникот објави дека очекува продолжување на испораките на гасот од Русија преку гасоводот Северен тек 1 како што е планирано и однапред најавено по завршувањето на редовното годишно одржување.

„Газпром“ кон средината на јуни ги намали испораките преку Северен тек 1 за 60 отсто, откако турбината во руската компресорска станица Портоваја, клучен елемент од гасоводот, којашто германски „Siemens“ ја испрати на ремонт во својот погон во Канада, којашто го блокираше нејзиното враќање повикувајќи се на антируските западни санкции.

По интензивните преговори со Берлин, Отава се согласи да ја испрати турбината на Германија, и покрај осамените протести на Украина.

Според информациите, првично било планирано турбината да биде транспортирана бродски, но планот во меѓувреме бил променет. Откако ќе пристигне во Германија, постројката со траект ќе биде пренесена во Финска а по копнен пат испорачана во Русија, се наведува во текстот, Според написот од понеделникот на рускиот дневвен весник Коммерсантъ, турбината би требало да биде ставена во функција на почетокот од август, по потребните тестирања.