Германски компании заитересирани да инвестираат во Демир Хисар

Тричлена германска бизнис делегација го посети Демир Хисар. Тројцата бизнисмени претставуваа познат германски производител на делови за автомобилската индустрија и се заинтересирани за закупат или купат деловен простор за инсталирање на технологија за овој вид на производство. Делегацијата ја предводеше министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлевски кој рече дека доколку се најде слободен капацитет и поволни услови за закупување, Германците се заинтересирани многу брзо да отворат погон во Демир Хисар во кој што може да се вработат околу 50 – ина лица.

Градоначалникот Љупчо Блажевски кој беше домаќин на делегацијата, организира посета на таканаречените слободни производствените капацитети соодветни на барањата на бизнисмените од Германија. Најпрвин беа посетени производствените погони на поранешна „Застава“ каде што, покрај другото беа запознати со целокупниот производствен процес. Во овој капацитет се нудат на закуп две производни хали со вкупна површина од околу 2200 квадратни метри.

Втора дестинација беше производствената хала на поранешна охридска „Слобода“ каде што требаше да се инсталира технологија за производство на шајки и жичени производи. Производната хала со површина од околу 2000 квадратни метри беше најинтересна за Германците кои претходно посетиле неколку напуштени објекти во Прилеп и Охрид. Пред се, заради зачуваноста на објектот кој што од изградбата пред повеќе од две децении, бил во финкција замо две ипол години. Заради сите овие, како што рекоа, големи предности, постои веројатност, германските бизнисмени да се одлучат да инвестираат во Демир Хисар.