Германски конвој со хуманитарна помош пристигна во Украина

Германски конвој со 112 камиони со хуманитарна помош пристигнал во Украина.

Помошта ќе биде распределена во источниот дел на земјата.

Камионите со вкупен товар од 746 тони, влегле во Украина од Полска. Хуманитарната помош треба да пристигне во центарт во близина на Киев, од каде ќе биде натоварена на камиони и упатена за Харков, за Марипољ, за Славјанск, за Запорожје и за Днепропетровск.

Во помошта има и артикли купени во Украина за околу 2,7 милиони евра, од вкупната сума на товарот која изнесува 10 милиони евра.