Германски куп: Двете Борусии одат натаму, елиминирани Хофенхајм и Унион Берлин

Бундеслигашите Борусија Дортмунд, Борусија Менхегннладбах, Шалке, РБ Лајпциг и Келн изборија во вторникот пласман во осминафиналето на германскиот национален куп, додека елиминарани се Аугсбург, Хофенхајм и Унион Берлин.

Борусија од Дортмунд на гостувањето го победи Ејантрах од Брауншвајг со 2:0, со головите на Хумелс во 12 и Санчо во втората минута од судиското продолжение на натпревварот.

Борусија од Менхенгалдбах, пак, имаше уште полесна задача против четвртолигашот Елверсберг кого како гостин го победи со 5:0, а стрелци беа Волф во 5, Ненес во 21, Стиндл во 35, Херман во 69 и Виљалба во 83 минута од пенал.

Најголемото изненадување го направи Гретер Фурт кој на гостувањеот го победи Хофенхајм со 7:6, по изведувањето на пеналите. Средбата во регуларниот тек заврше без победник 2:2, со тоа што Фурт во судиското продолжение имаше и пенал, но не го реализираше.

Изненадување приреди и Падеборни кој со 3:2 го совлада Унион Берлин. Мишел во 3 и 36 и Сребни во 31 ги постигнаа погодоците за гостите, а Промел и Хунемејер со автогол во 57 минута беа стрецли за берлинскиот тим.

РБ Лајпциг рутински стаса до гостинската победа кај Аугсбург со 3:0. Стрелци за гостите беа Орбан во 111, Поулсен во 75 и Анхелињо во 83 минута.

Келн го прескокна Оснабрик со голот на Модест во првата минута од судиското продолжение.

Дармштад со 3:0 славеше на гостувањето кај Динамо во Дрезден, а стрелци беа Шнелхард во 24, Паик во 59 и Дурсун во 72 минута.

Шалке конечно најде жртва и го победи Улм со 3:1. Екипата од Гелзенкирхен која веќе 29 првенствени натпревари нема победа и е на два меча до анти-рекордот, во Купот сепак одат напред. Стрелци беа Сердар во 27 и Таман во 51 и 62 минута, додека за Улм погоди Рејхерт во 82 минута.

Во среда се уграат уште шест натпревари: Волфсбург – Сандхаузен, Рот-Вајс Есен – Фрајбург, Хановер 96 – Вердер Бремен, Мајнц 05 – Бохум и Веген Визбаден – Јахн Регенсбург.

Последните два натпревара се играат на 12-ти и 13-ти јануар, а се среќаваат Баер Леверкузен – Ајнтрахт ранкфурт, односно Холштакн Кил – Баерн Минхен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.