Германски научници откриваат, чај што помага во борбата против коронавирусот

165

Група научници од Универзитетската болница во Есен откриле дека чаевите од одредени растенија имаат силно влијание и можат да ја потиснат активноста на вирусот корона, пренесуваат светските медиуми.

Вирусолозите ги инкубирале клетките на коронавирусот со билни чаеви направени од жалфија, перила и коријандер.

Додека ги подготвувале чаевите, се погрижиле течноста да зоврие, а потоа додале билки.

Тие стоеле два часа во вода топла на 60 степени Целзиусови за да обезбедат максимална сатурација со компонентите на растението.

Истражувачите откриле дека дури и краткорочна употреба на перила или жалфија е доволна за значително да се спречи размножувањето на вирусот.

Сепак, иако тие веруваат дека овие чаеви може да се користат во борбата против овој вирус, тие сметаат дека овие информации мораат подетално да ги истражат други експерти.

Според последните податоци, повеќе од 58 милиони луѓе биле заразени со вирусот корона, додека повеќе од 1,3 милиони починале како резултат на КОВИД-19 болеста.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.