Магазин

Германски пензионер со пиштол „замолил“ место во метро

Германски пензионер со пиштол „замолил“ место во метро

Претставувајќи се како полицаец, 78-годишен германски пензионер „замолил“ од патничка во берлинската подземна железница да му го отстапи местото, покажувајќи ѝ го пиштолот.

Берлинската полиција претходно седмицава објави дека старецот станал агресивен откако од 25-годишна девојка барал да му го отстапи местото. Се претставил како полицаец, и ја отворил торбата во која имало пиштол.

Патничката на помош повикала вистински полицаец, кој го уапсил пензионерот и во торбата го пронашол оружјето. На старецот сега му се заканува обвинение поради закана со оружје, лажно претставување и кршење на законот за носење оружје,