Германски Siemens и руски Газпром основаат заедничка компанија

Германската технолошка компанија „Siemens“ и компанијата на рускиот енергетски гигант „Газпром Енергохолдинг“ договорија основање заедничка компанија, соопшти германскиот партнер во петокот.

„Во рамките на договорот за стратешка соработка, Газпром Енергохолдинг и Siemens потпишаа меморандум за намери создавање заедничко претпријатие. Се согласија дека негова приоритетна задача ќе биде развој на вакуумските генераторски склопки и високотехнолошки компоненти“, се наведува во соопштенето кое го цитира агенцијата ТАСС.

Ваквата опрема може да биде вградена во нови, или да се користи при реновирање на постојните генераторски постројки и објекти. Според договорот, „Siemens“ и „Газпром Енергохолдинг“ ќе формираат работна група со задача да го подготват проектниот план за основање на заедничкото претпријатие.

Како што се наведува, двата партнера ја разгледуваат можноста за оранизирање производствена опрема во Руската Федерација со нино на локализација од најмалку 50 отсто до 2020 година и со можност за зголемување на 75 отсто до 2022 година.