Германски виролог, коронавирусот е најмалку четири пати поопасен од грип и нема теории на заговор

48

Професорот Хендрик Штрек, ги побива сите теории на заговор поврзани со коронавирусот.

Штрек, кој работи и како директор во Институтот за вирусологија на Универзитетската клиника во Бон, смета дека тезите дека коронавирусот не е опасен се погрешни.

Тој ги побива сите теории што се шират од одредени заговорници, дека фармацевтската индустрија, преку коронавирусот, сака да заработи повеќе пари.

„Сите досега спроведени студии, како оние во САД, недвосмислено покажуваат дека смртноста од коронавирусот дефинитивно е поголема од обичниот грип“, вели Штрек.

Објаснува дека коронавирусот е најмалку четири пати поопасен од сезонскиот грип. Сепак, треба да се земе предвид на кој дел од популацијата се прават тестовите.

„Тоа е вирус кој мора сериозно да се сфати, но сепак не треба премногу да се драматизира“, вели Штрек.

Штрек ги негира тврдењата дека вирусот досега мутирал толку пати што вакцината воопшто не може да помогне.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.