Германската економија забележа благ раст во третиот квартал, објави во средата заводот за статистика Destatis, повикувајќи се на повисоки трошоци на владата и домаќинствата.
Бруто домашниот производ (БДП) е зголемен во периодот од јули до септември за 0,2 отсто во однос на претходниот квартал кога според последните проценки е намален за 0,3 отсто, пресметал Destatis врз основа на сезонски и календарски приспособени податоци.
Претходните проценки покажаа пад на БДП-то од 0,1 отсто во пролетниот квартал.
На тој начин Германија избегна рецесија во третиот квартал, со иста тримесечна стапка на раст како на почетокот на годината.
Во периодот јули-септември раст е забележан пред се кај потрошувачките ставки на домаќинствата и државата, посочуваат статистичарите.
На годишно ниво, БДП падна за 0,2 отсто во летниот квартал, кога е исклучен еден работен ден повеќе од летото 2023 година. Кога ќе се вклучат сите работни денови се зголемува за 0,2 отсто.
Во вториот квартал, календарски прилагодениот БДП е намален за 0,3 отсто на годишна основа, а за 0,1 отсто на почетокот на годината, покажуваат податоците на Destatis.