Германскиот Бундесвер продал лаптоп со доверливи податоци

Според сѐ судејќи германските вооружени сили продале користен лаптоп кој сѐ уште содржи доверливи информации, објавуваат германските медиуми.

Според пишувањето на весникот Sueddeutsche Zeitung, станува збор за оперативни инструкции за ракетна рампа за Марс, класифицирани како „доверлива информација – само за службена употреба“, пренесува германската новинска агенција DPA. Во информацијата се додава дека очигледно станува збор за тоа дека хард-дискот не бил избришан пред продажбата.

Германското министерство за одбрана за Sueddeutsche Zeitung соопштило дека „никаков критичен увид не може да се добие“ од упатствата за ракетната рампа.

Во написот се наведува дека купувачот, еден шумар од Баварија, купил четири лаптопи од Vebeg, организација којашто ги продава користените компјутери на германската влада, преку интернет продавницата Ebay во 2018 година.

На еден од лаптопите сѐ уште бил инсталиран оперативен систем и доколку би се внело името на последниот корисник како лозинка, тој би се отклучил, се наведува во написот. Шумарот во март годинава го известил министерството за одбрана за своето откритие.

Во продолжение на писмената изјава за весникот, министерството додава дека следејќи ја пријавата од шумарот „го подвргнало на сериозна истрага“ користењето на својата расходувана информатичка опрема, и утвдило дека во 2016 година уште еден лаптоп со неизбришан „тврд диск“ бил продаден преку Vebeg. Дали и во тој случај станувало збор за доверливи информации, повеќе не е можно да се утврди, навело министерството.

Според весникот, самото министерство ја иницирало продажбата на лаптопи на Бундесверот со доверливите податоци за лансираната рампа преку Vebeg. Баварскиот шума вратил еден лаптоп, додека другите три ги задржал.