Германскиот министер за здравство позитивен на коронавирусот

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан е позитивен на коронавирусот по тестирањето, објави министерството за здравство во средата попладнето и додаде дека министерот се повлекол во домашна изолација.

Четириесетгодишниот Шпан почувствувал симптоми слични на настинка и се подложил на тестирање, а за неговата состојба известени се неговите контакти, соопшто министерството за здравство.

Стапката на зараза со новиот коронавирус во Германијае пониска отколку во поголемиот дел од Европа, но последните денови забрзува и во саботата беше регистриран рекорден број од 7.830 зразени на дневно ниво.

Шпан ги повика сонародниците да ја оддржуваат мерката за физичка оддалеченост за да се задржи стапката на заразноста на ниво кое може да се одржува под контрола.