Германскиот суд го одби новото барање за притвор на Пучдемон

Германски суд го отфрли во вторникот повторното барање на обвинителот за притворање на поранешниот каталонски претседател Карлес Пучдемон кој во Германија ја очекува одлуката за екстрадиција во Шпанија.

Вишиот суд на сојузната земја Шлезија-Холштајн го одби барањето кој обвинителите го упатија на основа на новите информации кои ги добиле од шпанските власти.

Каталонскиот лидер беше пуштен од притвор на 6-ти април по одлука на Судот дека не може да биде испорачан поради бунт.

Канцеларијата на германското Обвинителство соопшти дека веќе ги подготвува документите за екстрадиција на Пучдемон во Шпанија.

Пучдемон избега во Брисел на крајот на октомври минатата година, по референдумот за отцепување на Каталонија од Шпанија и одлуката на каталонскиот Парламент за прогласување независност на регионот.

На 25-ти март, тој беше уапсен во Германија на пат од Финска за Белгија, откако шпанскиот Врховен суд издаде европска потерница по него под обвинение за бунт, поттикнување на бунт и злоупотреба на службена должност. Во моментов, Пуџдемон е во Германија, каде што е ослободен од притвор со кауција од 75.000 евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.