Климатските активисти во германската престолнина во понеделникот повторно ги блокираа фреквентните сообраќајници, и покрај не неодамнешните контроверзии и острите критики на нивните методи.
Активистите од движењето Letzte Generation (Последното поколение), во понеделникот седнаа на четири крстосници во различни делови во Берлин, а повеќето од нив како и изминатите седмици се залепиле за коловозот, соопшти портпаролот на полицијата на германската престолнина.
Протестната акција предизвика долготрајни застои во сообраќајот. Во берлинскиот кварт Фридрихшајн дошло и до физички пресметки меѓу возачите и активистите, соопшти полицијата.
Движењето објави дека некои од неговите активисти носеле црно-бела облака во риги протестирајќи против притворањето на активистите во Минхен поради повторените сообраќајни блокади.
Демонстрантите од германската влада бараат дополнителни мерки насочени против климатските промени.
Движењето последните неколку седмици речиси секојдневно ги блокираат сообраќајниците, а остро се критикувани поради неодамнешната сообраќајна несреќа во која смртно настрада жена на велосипед, откако возилото на берлинските итни служби не можело да се пробие до местото на несреќата поради сообраќајниот застој предизвикан од блокадите. Повредената жена им подлегна на повредите неколку дена подоцна.
Неколку политичари повикаа на поостри мерки против демонстрантите чија цел се и музеите, а активистите се на удар на и на социјалните мрежи.
Полицијата и државното обвинителство сѐ уште ја истражуваат несреќата за да се разјасни дали вината треба да им се припише на активистите. Се разгледува, исто така, можна тужба против активистите поради попречување на службени лица кои пружаат помош.
Движењето и покрај тоа е истрајно да продолжи со протестните акции, и објави дека ја повикале владата на разговори. „Не станува збор за тоа да му се допаднеме некому. Станува збор за тоа општеството да стане свесно дека итаме кон климатската катастрофа“, наведуваа активистите.